(ВИДЕО) Демонстранти упаднаа во затвор во Бангладеш, ги ослободија затворениците и го запалија

Студентите денеска упаднаа во затворот во централниот дистрикт на Бангладеш, Нарсингди и ослободија стотици затвореници пред да го запалат.

 

Осудениците избегаа од затворот, а демонстрантите го запалија затворот. Не го знам бројот на затвореници, но се работи за стотици, изјави неименуван полицаец.

Демонстрациите во Бангладеш почнаа пред неколку недели, а ескалираа во понеделникот. Незадоволните студенти бараат укинување на квотите за државните служби, со кои се предвидува 30 проценти од местата во секторот да им бидат доделени на роднините на борците за слобода во Војната за независност во 1971 година од Пакистан.

Во Бангладеш, чие население е околу 170 милиони, има 32 милиони млади кои ниту работат ниту студираат.

Back to top button
Close