ВИДЕО: Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи
Многумина беа повредени, а голем број домови уништени
Многумина беа повредени, а голем број домови уништени
Пред десет години на денешен ден, скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново беа погодени од катастрофални поплави во кои животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва е двегодишно дете, многумина беа повредени, а голем број домови уништени.
Невремето започна во попладневните часови, кога селиот Скопски Регион беше погоден од обилни дождови и силен ветер. Во текот на ноќта беа евакуирани околу илјада граѓани.
На 6 август 2016 година во Скопје за 24 часа наврнале 92,9 литри на квадратен метар, а во текот на првите два часа од невремето удриле над 800 громови.