ВИДЕО: Деветмина во болница по напад со киселина во Лондон
Мајка и нејзините две мали деца биле итно пренесени во болница по сомнителен напад со киселина во Лондон, соопшти полицијата.
Како што јави Би-Би-Си, сведоци опишале „ужасна“ сцена откако мајка и нејзините две девојчиња биле полиени во нивниот автомобил со „корозивна супстанца“ во јужен Лондон.
Reports of an acid attack in Clapham south pic.twitter.com/XUCyvSrQwA
— London & UK Street News (@CrimeLdn) January 31, 2024
Семејството, тројца полицајци кои реагирале и двајца други кои се обиделе да помогнат се пренесени во болница
Полицијата трага по осомничениот.
Степенот на повредите на жртвите не е соопштен