(ВИДЕО) Драма во Германија: Полицаец застрела маж, минувачите снимале

Германската полиција денеска околу 12 часот и 20 минути застрелала маж во центарот на Гумерсбах, откако ги нападнал пред влезот на пекара.

Како што пренесува Билд, полицаецот испукал неколку куршуми кон напаѓачот, кој потоа паднал на земја.

Случајни минувачи го снимиле нападот со своите мобилни телефони.

На видеото се гледа дека полицајците се обиделе да го задржат напаѓачот, но тој се оттргнал и удрил еден од полицајците.

Полициските портпароли во Гумерсбах и Келн сега потврдија дека полицаец пукал од службеното оружје, при што ранил најмалку едно лице.

Меѓу повредените имало и полицаец и лицето кое го предизвикало инцидентот.

Back to top button
Close