(ВИДЕО) ДУИ: Со незаконски договор на коцкарскиот монопол на српско-бугарската компанија ѝ се овозможи профит од 100 милиони евра

„Оваа огромна добивка, омилената српско-бугарска компанија на Изет Меџити и Арбен Таравари ја оствари со целосно незаконски договор. За депозит од само еден милион евра, без согласност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на приватната српско-бугарска компанија ѝ се дава монопол, со државна заштита и и се овозможува да оствари профит од над 100 милиони евра“, вели портпаролот на ДУИ

Коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската приватна компанија го финансирала новиот директор на државната лотарија, Александар Климовски, со над 140 000 евра, додека тие за себе заработиле над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти Арбер Адеми, портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека со ова се откриваат скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите.

„Оваа огромна добивка, омилената српско-бугарска компанија на Изет Меџити и Арбен Таравари, ја оствари со целосно незаконски договор. За депозит од само еден милион евра, без согласност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на приватната српско-бугарска компанија и се дава монопол, со државна заштита и и се овозможува да оствари профит од над 100 милиони евра“,вели Адеми.

Во Договорот за основање на трговското друштво, посочува Адеми, не е предвидено ниту времетраење на договорот, ниту начин на неговото раскинување.

„Членот 17 од Договорот е целосно спротивен на член 7 став 3 од Законот за коцкање. Законот ја обврзува Државната лотарија на Република Македонија при основање на вакво трговско друштво, не само да има мнозинство во капиталот од најмалку 51 отсто, туку и во одлучувањето. Со членот 12 од Договорот се предвидува дека се носат одлуки, како оние за распределба на добивката, избор на членови во управен и надзорен одбор, вклучувајќи ја и одлуката за измена на договорот за основање на друштвото со мнозинство од 100 отсто од гласовите на содружниците“,рече портпаролот на ДУИ.

Со вака напишаната одредба во Договорот, Адеми вели дека Државната лотарија, не само што нема мнозинство во одлучувањето и следствено на тоа нема контрола поради јавниот интерес, туку ѝ дава право на вето на српско-бугарската приватна компанија.

„Ова е незаконски, го оштетува буџетот, го прекратува законот и треба веднаш да се укине и да се одговара. Кога ги откривме овие фрапантни скандали, во одбрана на српско-бугарската приватна компанија, како што очекувавме, излезе ‘Вреди‘. ‘Вреди’, Изет Меџити и Арбен Таравари се ставија во целосна улога на монополот во коцкарската индустрија на српско-бугарската приватна компанија и директорот на Лотарија, Александар Климовски бидејќи се финансирани од нивните пари“,вели Адеми.

Според него, „Вреди“ ги измами Албанците, го именува Амет Мифтари за заменик-директор во Лотарија, а притоа не затвори ниту едно казино, обложувачница, слот-клубови, а не е укинато ниту онлајн коцкањето, за што против нивно затворање двапати по ред се гласа во Собранието и продолжува слепо да и служи на коцкарската индустрија.

Back to top button
Close