(Видео) Едмонд Темелко-Албанската химна на фестивалот „Преспа“ беше интонирана. Видеото е доказ дека Рама бил излажан

Албанскиот премиер Еди Рама бил погрешно информиран од страна на своите јавни и тајни служби и доведен во заблуда шо што дал неточна изјава врз основа на лажна вест објави македонскиот портал expres.mк

Рама мислел дека немало интонирањето на албанската химна во Пустец што го нарече ненамерен пропуст и „значајна пародија“ на политичарите од регионот.

Наводниот инцидент се случи во пред неколку дена за време на фолклорниот фестивал „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, а каде биле изведени и македонската и албанската химна.

Во појаснувањето за јавоста од еден од организаторите на настанот Едмонд Темелко тој приложува докази кои покажува дека некој го излажал Еди Рама.

, Во четвртокот, за време на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, беше создадена една лажна слика од страна на дел од албанските медиуми и од неколку албански политичари, па дури и од премиерот на Албанија.

Тврдењето дека албанската национална химна не била изведена е невистинито.

Како еден од организаторите на фестивалот, најостро го демантирам ова тврдење и тоа го правам врз основа на факти и конкретни докази. Зашто, пред фактите, мора да замолчат и политичките толкувања.

За да ја потврдам вистината, јавно објавувам два материјали:

– мое интервју дадено за националниот јавен сервис на Албанија, РТШ;
– целосна видеоснимка на која јасно се слуша и се гледа изведувањето на албанската национална химна”, вели Темелко според кого важно е да се појасни и уште едно прашање.

,,Организаторското здружение немаше одговорност за утврдувањето и спроведувањето на државниот протокол. Согласно албанското законодавство, организаторското здружение не сноси никаква правна или административна одговорност за непочитување, промена или евентуален пропуст во спроведувањето на државниот протокол, бидејќи неговото утврдување и спроведување не се во рамките на неговите надлежности или јурисдикција.

Протоколот за посети и активности на високо ниво е прашање со кое се занимаваат надлежните институции, особено кога станува збор за официјални посети и учество на високи државни претставници.

Премиерот на Македонија беше поканет од нас, како организатори на фестивалот. Сепак, организацијата на еден културен настан не треба да се меша со институционалните одговорности поврзани со државниот протокол.

Истовремено, токму поради почитта што ја имаме кон албанската заедница и кон односите меѓу двете земји, ние самите донесовме одлука да биде интонирана и албанската национална химна.

Химната на Македонија беше изведена од фолклорната група „Гоце Делчев“ од Битола, додека ние одлучивме, како знак на почит кон земјата домаќин и кон албанската заедница, да биде интонирана и албанската национална химна.

Значи, фактите се јасни:

Албанската национална химна беше изведена.

Немаше никаква намера да се навреди, исклучи или провоцира кој било.

Напротив.

Нашата цел била и останува соживотот, меѓусебната почит и зачувувањето на добрите односи меѓу Албанците и Македонците, што низ годините сме го потврдувале со дела.

Не сакаме еден фолклорен настан, чија цел беше да ги обедини луѓето преку културата, традицијата и историјата, да се претвори во извор на тензии или политички толкувања.

Затоа, пред да се упатуваат обвинувања и да се даваат јавни изјави, бараме фактите да бидат проверени”, порачува Темелко за експрес мк и апелира културните фестивали да нè обединуваат, а не да нè разделуваат.

Ние сме биле и ќе продолжиме да бидеме за почит, соживот и добри односи меѓу Македонија и Албанија, заклучува Темелко.

Видеото со албанската химна е доказ дека „„некој“ погрешно го информирал премиерот Еди Рама а МНР на Албанија остро реагираше.

Back to top button
Close