(ВИДЕО) Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица, навреме е спречена катастрофа

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според информациите од ДЗС, засега огнот не успеал да стигне до куќите и викендичките во месноста Софилар, па нема непосредна опасност за објектите и населението.
Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информира дека досега нема пријавено поголема материјална штета. Тој посочи дека пожарникарите од ТППЕ Струмица навреме интервенирале и спречиле огнот да се прошири кон куќите во Водоча.






