(ВИДЕО) Французинката Анук Гарни на Ајфеловата кула сруши светски рекорд во искачување со јаже

Француската аплинистка Анук Гарни со искачени 110 метри на Ајфеловата кула го сруши светскиот рекорд во искачени метри со јаже.

Гарние се искачи за време од 18 минути и тоа две минути побрзо од она што се очекуваше пред подвигот.

„Мојот сон се оствари. Ова е волшебно чувство“, еуфорично изјави 34-годишната алпинистка за новинарите по искачувањето.

Подвигот е посебен и затоа што е од хуманитерен карактер. Еден од мотивите да успее во подвигот била целта да собере пари за поддршка на болните од рака. На нејзината мајка и била дијагностицирана оваа болест.

„Ја гледав како се мачи, сакав и јас да помогнам на мој начин. Тоа дополнително ме мотивираше“, изјави Гарние.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Јужноафриканецот Томас Ван Тондер кој успеа да се искачи 90 метри на оперската сала во Копенхаген во 2022 година. Новиот рекорд на Гарние се уште не е потврден од страна на Гинисовата книга на рекорди, но тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Back to top button
Close