(ВИДЕО) Гаф на кандидатот на демохристијаните Лашет: Погрешно го свитка гласачкото ливче и покажа дека гласал за себе

Тоа предизвика бурни реакции во јавноста: Дали со ова ја повредил тајноста на гласањето и дали неговото гласачко ливче треба да се прогласи за неважечко

Кандидатот за канцелар на Германија од ЦДУЦСУ, Армин Лашет направи гаф со тоа што погрешно го превитка гласачкото ливче и на тој начин откри дека гласал за себе, со што предизвика бурни реакции во јавноста дали со тоа ја повредил тајноста на гласањето и дали неговото гласачко ливче треба да се прогласи за неважечко.

„Добро е што Германија нема атомска бомба, така што луѓето како Лаче не можат случајно да вметнат картичка со кодови и да ја активираат. Всушност, Лашет би бил идеален канцелар за твитови во следните четири години -е еден од коментарите на Твитер.

Дали неговиот глас ќе се поништи?

Изборниот закон предвидува дека изборната комисија мора да одбие гласач кој го превиткал гласачкото ливче на таков начин што неговиот глас може да се прочита, пишува Билд.

Поништувањето не значи дека Лашет го губи правото на глас, туку дека неговото гласачко ливче е поништено и дека треба повторно да гласа тајно.

Сепак, според последните информации, неговиот глас бил признат.

Околу 60,4 милиони Германци денеска го избираат идниот состав на парламентот и индиректно идниот канцелар, кој ќе ја наследи Ангела Меркел.

Главната битка е меѓу конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција, и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар.

Back to top button
Close