(Видео) Гарванлиев со солзи во очите: Бугарското државјанство го извадив за да не бидам депортиран од САД

 

Овогодинешниот претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев, сними видео порака со емотивна исповед пред македонската публика.

Тој со солзи во очите уверува дека најважна му е Македонија, а за бугарскиот пасош кажува дека изјавата е дадена во интервју снимено пред една година.

Бугарскиот пасош го извадил пред 20 години за да не биде депортиран од САД заедно со неговото семејство.

„Во 1997 мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго, каде живеевме неколку години. Не депортираа од Чикаго и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми е родена во село Игралишта, надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе дваесетина години“, вели Гавранлиев.

Тој повторно уверува дека е случајна грешката со кратката сцена во спотот каде се појавува нешто како знаме кое наликува на бугарското.

„Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и дека погрешно е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени, се тргнаа тие кадри и го објавивме одново“, вели тој.

Ова обраќање доаѓа по вчерашното негодување на социјалните мрежи по видеото во кое кажува дека има бугарско државјанство, но и по денешната онлајн петиција Македонија да се откаже од него како претставник на Евровизија.

„Имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува. За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што првата реченица во мојата биографија беше ‘македонскиот баритон Васил Гарванлиев ја започна својата кариера на седум години во својата родна земја’“, вели Гарванлиев по прозивките дека тој не треба да ја претставува нашата земја на Евровизија и дека нема искуство.

Back to top button
Close