(ВИДЕО) Халки – остров на кој се одгледува иднината

Ова е Халки. Мал остров со 250 жители длабоко на југот на Европа. Халки е првиот резултат од таканаречениот проект Gr Eco Islands. Во рамките на проектот, во 2021 година беше формирана енергетска заедница со единствена цел – да ја промовира социјалната и солидарната економија. Во инфраструктурата на проектот инвестираа неколку француски и грчки компании.Тие направија соларен парк кој произведува 1,8 гигавати електрична енергија годишно.

-Се проценува дека проектот ќе го намали отпечатокот на CO 2 за 2576 тони, што е еквивалентно на емисијата на 617 конвенционални автомобили. Во исто време се заштедени 260.000 евра за производство на зелена енергија што е сума доволна за покривање на трошоците за над 200 семејства кои постојат на островот – вели Василис Зафиропулос од компанијата „Акуо“.

Населението на Халки за домаќинства сега има сметки од нула евра додека и малите бизниси, како една продавница на пристаништето, плаќа многукратно помали сметки од вообичаените.

Борјан Јовановски Автор на сторијата
Борјан Јовановски Автор на сторијата

-Мојата последна сметка 1500 евра. Тоа е голема разлика затоа што порано сметката ми беше 8000 евра годишно – ми рече Ламброс Маркакис, сопственик на продавницата.

Проектот овозможи бесплатна електрична енергија за возилата на островот. А полицијата е еден од корисниците. Во проектот е вклучена и 5G мрежата и овозможи телемедицина и телеобразование, што значително го подобрува квалитетот на животот на локалното население. Концептот на Халки сега е пример кој ќе се пренесе на многу други острови во Грција.

Овој концепт развиен на Халки на грчката влада и даде повод да побара средства од ЕК за да го прошири и на други острови.

“Грчката влада го зема Халки како пример. Владата зеде средства од Европската унија за изградба на концептот ГР ЕКО на другите острови во Грција, ако добро се сеќавам, приближно една милијарда евра – изјави, Евангелос Фрагакакис, градоначалник на Халки

Оваа мала заедница длабоко на југот на Европа е воодушевена што може да го сподели своето искуство, но и да слушне слични искуства од други места што би можеле да го збогатат овој потфат во енергетска демократија и нови технологии.

Пред нашето заминување, градоначалникот се подготвуваше да биде домаќин на голема делегација од Јужна Кореја, која сака да го пренесе примерот на Халки на нивните илјадници острови.

Back to top button
Close