ВИДЕО: Има ли „сваровски“ систем во МВР?

Има ли „сваровски“ систем во МВР? Се фотографираат ли „привилегирани“ граѓани по работното време на полициската станица?

На ова прашање вчера во „10 Минути“ на ТВ21 одговори дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Бојмацалиев потврди дека ваков случај имало во Демир Хисар каде покрената била дисциплинска мерка за началникот.

На прашање за тоа дали ваков случај има и во Скопје, Бојмацалиев порача дека има предмет на истрага и дека не сака да разговара повеќе на таа тема.

„Има истрага“, кратко одговори заменик министерот.

Back to top button
Close