(ВИДЕО) Како да нема корона: Стотици лица без маски се журкаа во ноќен клуб во Струмица

И покрај забраната за работа на ноќните клубови во државата, во Струмица, ова не важи. Во овој град, во клубот „Аватар“ два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“, потврдуваат оттаму за А1он.

Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа туку одржал и втора забава со друг пејач. На вчерашната забава која се случила во период кога во нашата држава беа дијагностицирани рекордни 240 лица заболени со коронавирус за едно деноноќие, настапил пејачот Ѓоко Јовиќ.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за а1 он  вели дека петочната забава ја прекинале после 1 часот и ќе поднесат кривична пријава, а за тоа дали клубот е контролиран и вчера, не знаел, трhttps://www.facebook.com/miroslav.pavlovski.7/videos/10220413426280091/?t=0ебал да провери. Тој додава дека совеста и одговорноста на граѓаните е на ниско ниво.

Ако не бара некој кај ЃОКО ЈОВИЌ сме 😎🍾🍺😎🍾🍺😎🍾🍺😎🍾🍺🍾🍺

Miroslav Pavlovski 发布于 2020年7月18日周六

 

Back to top button
Close