ВИДЕО: Локалите во Охрид полупразни на првиот ден после корона-паузата

Средства за дезинфекција на секоја маса, ограничен број на седишта,дистанца и контролиран влез.Охридските угостители утринава ги отворија терасите и ги пречекаа првите гости.Работата се одвива под отежнати услови велат менаџерите но се задоволни што после два ипол месеци иако со намален капацитет повторно проработија нивните локали што отвора надеж дека колку толку ќе се покријат направените штети, пренесува ТВ24.

Голем дел од граѓаните утринава за првпат после толку време ги посетија кафулињата и терасите долж езерскиот брег.

Поголемиот дел од локалите на охридската ривиера изминатиов период додека траеше карантинот го искористија да ги потсредат и реновираат објеките за новата летна сезона.Пред официјалното отворање сите беа дезинфицирани и обезбедени со средства за заштита од вирусот.Угостителите ги повикуваат граѓаните од земјава летово да го одберат Охрид како туристичка дестинација и со тоа да го помогнат закрепнувањето на домашниот туризам.

Back to top button
Close