(ВИДЕО) Македонија во последните секунди испушти победа против Велс

Македонската фудбалска репрезентација во Скопје одигра 1-1 со Велс во квалификациите на СП 2026.

Пред 20.000 гледачи на „Тодор Проески“ избраниците на селекторот Милевски не успеаја да освојат нови три бода иако со голот на Миовски по грешката на гостите во 91 минута имаа водство од 1-0.

Сепак, тоа не беше доволно за три бода бидејќи Велс буквално во последните секунди успеа да дојде до израмнување откако настана мешаница во македонскиот шеснаесетник.

 

Со овој резултат двете селекции имаат по 4 бода во групата Ј каде вечерва Казахстан дојде до првото славје против Лихтенштајн со 2-0.

Back to top button
Close