ВИДЕО Мечката го нападнала туристот на Шара за да ги заштити нејзините мечиња

Центарот за управување со кризи испрати до медиумите фотографии од мечката која нападна турист на Шар Планина. Од таму додаваат дека таа била заедно со своите мечиња.

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка.

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница .

Back to top button
Close