(Видео) Мицкоски потврди дека Ковачевски е во бегство
„Имаме 23, минус еден можеби е избеган, но очекувам да биде обезбеден пред правдата. Не , не е во државата, но очекувам да го обезбедиме“ ,рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека се работи за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, кои што се здружиле и за кои постои сомневање дека направиле криминал тежок 6,5 милион евра.
„Многу докази се најдени но тоа ќе го оставам на обвинителството. Нели, мораме да веруваме на презумпцијата на невиност. Но тоа што е најдено е навистина загрижувачки“ посочи тој.
Мицкоски најави дека во периодот што следи ќе има уште многу потврди на сето она што го имале како сомневање