(Видео)„Мицкоски прави упад и ја загрозува истрагата за Онкологија“ вели Коциќ
Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ и порача дека ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции.
„Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата? Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија. Прикривање докази исто така е кривично дело. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата. Очекуваме реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоски“, вели Коциќ.
Тој додаде дека одговорност ќе има без пардон за сите инволвирани во случајот на Клиниката за онкологија, независно од политичката или етничка припадност.