ВИДЕО: Мицкоски тврди дека вчера не спомнал име, Вице Заев, брифираните новинари тврдат обратно

Никаде јасно не посочивме дека во скандалот со изнудување пари од битолска фирма е замешан бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако вчера на брифинг со новинарите го обелодени скандалот за изнуда од 250.000 евра од битолската фирма „Рубитон“.

– Во Записникот од ОЈО стои името Вице Н., а зошто братот на премиерот се препознал и зошто беа потребни сите тие навреди и реакции кон мене, не знам. Јас никаде на тој брифинг со новинарите не го спомнав името и презимето на Вице Заев – рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close