ВИДЕО: Момче се шегува со вработени во брза помош за „популарност“ на Тик-ток

Снимката, на која се гледа како младо момче се јавува на 194 и се шегува како да го згрешил бројот, а сака да добие протипожарна, првично е објавена на социјалната мрежа „ТИК ТОК“.

Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.

-Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи, вели Маргарета Атанасовска – Трипуновска – Итна медицинска помош.

Разрешница за ваквите случаи кои од Итната служба постојано ги пријавуваат нема, ниту пак начин како да се лажните повици да се спречат.

Грешките на младите кои ги гледаме на социјалните медиуми, се грешки на целото општество, вели за Канал 5 Бојан Кордалов, специјалист за јавност и нови медиуми. Социјалните мрежи нудат многу предности, но начинот на однесување се пресликува од комуникацијата која ја имаме со физичко присуство.

Канал 5 побара, но до почетокот на овие вести не доби одговор од Министерствотон за внатрешни работи дали се постапува по овој случај.

Ова не е единственото видео кое предизвика лавина реакции и осуди. Пред повеќе од месец, на социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави видео на кое се гледа како младо момче со запалка пали дрвата и растенијата и ги гледа како горат. Овој случај беше расчистен, а момчето доби кривина пријава..

Back to top button
Close