(ВИДЕО) МВР објави видео од марихуаната која беше запленета од меѓународна криминална група

ОД МВР информираат дека со повеќемесечна истрага е дојдено до сузбивање на меѓународна криминална група за транспорт на марихуана.

-Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во рамки на меѓународната соработка со надлежните служби од Косово и Грција, спроведе повеќемесечна истрага за организирана криминална група инволвирана во меѓународен транспорт на наркотична дрога.

На 14.08.2026 година во Солун беа лишени од слобода македонски и косовски државјанин, при што беа запленети 324 килограми и 474 грама марихуана, сокриени во товар со рециклирана пресувана хартија.

Во рамки на истрагата, МВР ги презеде и неопходните активности на територијата на Македонија, при што Одделот за криминалистичка полиција, во координација со јавен обвинител, изврши претреси на повеќе локации со цел обезбедување материјални докази и целосно документирање на криминалната активност. При претресите се одземени мобилни телефони и документација, кои се предмет на дополнително вештачење и анализа.

По спроведената истрага, МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против едно лице, македонски државјанин.

Со преземените активности, МВР даде значаен придонес во сузбивањето на меѓународната организирана криминална група и обезбедувањето докази за постапката, велат од МВР.

Back to top button
Close