(ВИДЕО) Напад во трговски центар во Сиднеј, најмалку четворица загинати, стотици евакуирани

Локалните медиуми објавија дека во трговскиот центар се слушаат истрели. Полицијата соопшти дека операцијата е во тек, но не соопшти повеќе детали

Голема полициска операција е во тек по извештаите за избодени повеќе луѓе во трговски центар во близина на плажата Бонди во Сиднеј. Стотици луѓе биле евакуирани од трговскиот центар „Вестфилд бонди џанкшн“ (Westfield Bondi Junction).

Ројтерс објави дека напаѓачот бил застрелан.

Според Гардијан, најмалку четири лица загинале, а не е познато дали меѓу убиените е и напаѓачот.

Очевидци изјавиле дека меѓу жртвите на нападот со нож има мајка и бебе. Човекот со кој разговарале новинарите на 9 Њуз Сиднеј тврдел дека муштериите се обиделе да ѝ помогнат на мајката и нејзиното бебе кои биле избодени со нож. Тој додал дека го држел бебето и заедно со други се обиделе да ја компресираат раната. Тој нагласил дека мајката обилно крварела.

Локалните медиуми објавија дека во трговскиот центар се слушаат истрели. Полицијата соопшти дека операцијата е во тек, но не соопшти повеќе детали.

Областа е евакуирана, а на социјалните мрежи има фотографии од амбулантни возила и полиција на местото на настанот. Инцидентот сè уште трае и од луѓето е побарано да ја избегнуваат областа.

Back to top button
Close