ВИДЕО: Навивачи повторно викаа „Мртов шиптар, добар шиптар“, сега пред Албанци свадбари, имаше и близок контакт

Новинарот Фуркан Салиу на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како колона на свадбари поминува низ скопската општина Ѓорче Петров и наидува на група навивачи, веројатно од натпреварот од Првата фудбалска лига во кој играа играа Македонија ЃП и Вардар.

На снимката се слуша како навивачите скандираат „Мртов шиптар, добар шиптар“ пред групата граѓани Албанци.

На крајот на видеото доаѓа до близок контакт меѓу двете групи. Не е познато како завршила средбата.

Вака изгледа тоа кога ќе потфрли системот…Во оваа улица 61 да возиш ќе те казнат, а денеска кога Вардар игра на 300 метри, ниту еден полицаец.Во држава со меѓуетничка односи такви какви што се, замислете што ќе се случеше некој од навивачите или од свадбарите да извадеше оружје (голема е веројатноста дека и едната и другата страна имале оружје)Минатата недела ни се случи истото, ниту еден казнет, ништо не е превземено… Ако минатата власт ги потикнуваше ваквите меѓуетнички тензии, оваа не први ништо за да ги спречи.Мора да се седне и да се разговара со водачот на "Комити"… Зошто сега вакво однесување, пред локални избори?Зошто само мртов шиптар е добар шиптар?Зошто го уништуваат спортот?

Furkan Saliu 发布于 2020年9月19日周六

„Вака изгледа тоа кога ќе потфрли системот…
Во оваа улица 61 да возиш ќе те казнат, а денеска кога Вардар игра на 300 метри, ниту еден полицаец.
Во држава со меѓуетничка односи такви какви што се, замислете што ќе се случеше некој од навивачите или од свадбарите да извадеше оружје (голема е веројатноста дека и едната и другата страна имале оружје)
Минатата недела ни се случи истото, ниту еден казнет, ништо не е превземено… Ако минатата власт ги потикнуваше ваквите меѓуетнички тензии, оваа не први ништо за да ги спречи.
Мора да се седне и да се разговара со водачот на “Комити”… Зошто сега вакво однесување, пред локални избори?
Зошто само мртов шиптар е добар шиптар?
Зошто го уништуваат спортот?“, прашува новинарот Салиу кој го објави видеото.

Минатата недела слични извици се слушаа од навивачи кои поминуваа на плоштадот Македонија. Инцидентот беше остро осуден и на седница на Владата и беше побарано МВР да ги санкционира навивачите. Досега не е познат исход од евентуална истрага.

Back to top button
Close