(Видео) Невреме во САД: Во еден дел снежна бура, во друг поплави


Десетици милиони Американци се изложени на опасни и штетни временски услови – снежни бури на северозападниот и средниот запад, студено време, поплави на источниот брег и потенцијални торнада на југот, што предизвика откажување на многу летови, а некои области се без струја.

Авиокомпаниите вчера одложија повеќе од 7.600 летови низ САД, вклучително и авиони приземјени на меѓународниот аеродром О’Харе во Чикаго поради ветрови и заслепувачки снег.

Во Ајова, републиканските претседателски кандидати ги откажаа закажаните предизборни активности.

Националната метеоролошка служба (NWS) предупреди дека снежното невреме ќе продолжи и денеска низ поголемиот дел од горниот дел на среден запад, со обилни врнежи од снег и силен ветер

Во Мичиген, повеќе од 133.000 домови и бизниси беа без струја, како и повеќе од 150.000 клиенти во Висконсин, Западна Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, според податоците на PowerOutage.US.

Службата, исто така, предупреди и на непотребни патувања, забележувајќи ја слабата видливост на некои патишта во Чикаго, како и ризиците од смрзнатини и хипотермија во Ајова, каде се прогнозира дека температурите во поголемиот дел од државата ќе се спуштат под минус 18 степени Целзиусови.

Back to top button
Close