(ВИДЕО) „Ниту еден христијанин никогаш не би можел да го направи тоа што го прави Путин со телото на мојот сопру“ порача Јулија Навални

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело на погреб.

Во видеото објавено на Јутјуб, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го држи телото на Навални како „заложник“ и затоа ја доведe во прашање христијанската вера на рускиот лидер.

– Ниту еден вистински христијанин никогаш не би можел да го направи она што го прави Путин сега со телото на Алексеј – рече сопругата на Навални.

Таа додаде дека семејството сака да го погреба Навални во согласност со православните обичаи.

Соработниците на Навални претходно денеска изјавија дека властите се закануваат дека ќе го погребаат рускиот опозиционер во далечната затворска колонија каде што почина, освен ако неговото семејство не се согласи со условот да нема јавен погреб, пренесува Ројтерс.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, во петокот изјави дека на неговата мајка ѝ било кажано дека Навални ќе биде погребан во казнената колонија каде што умрел, доколку таа не се согласи да го погреба без јавноста во рок од три часа

Back to top button
Close