(ВИДЕО) Нова тепачка во бугарскиот парламент
Не е јасно што го испровоцирало, но камерите во пленарната сала го уловија Славчо Крумов од „Преродба“ како неколкупати посегнува кон Пејков. А лидерот на ГЕРБ и пратеник Бојко Борисов во собраниските ходници коментираше: „Таму нешто се обвинуваат за алкохолот рано наутро“.
Непосредно пред ова, Стела Николова од ПП-ДБ излезе на говорницата во Народното собрание за да ја коментира инвазијата на „Преродба“ во општина Варна.
„Партијата Преродба се однесува како ѓубрињата од 90-тите. Навредите, заканите, движењето во глутници се одвратна тактика на „Преродба“. Се сеќаваме на искинатите кабли на Народното собрание, на искршените врати. Народното собрание не е фарма за животни, Бугарија не е Москва. Ги повикуваме институциите во парламентот да си ја завршат работата“, рече таа.
Токму за време на говорот на Костадинов настана тензија меѓу Манол Пејков и пратениците од „Преродба“, а Народното собрание беше ставено на пауза од 15 минути. (Infomax)