(ВИДЕО) Нови аудиоснимки со гласот на Дончев се појавија на Јутјуб

Според содржината не може да се утврди контекстот на кој се однесува она што го говори наводно Дончев, а како и претходно објавените „бомби“ и кај овие забележливо е дека се сечени, пренесува 360 степени

Уште две нови аудиоснимки се појавија вечерва на новоотворен Јутјуб канал под име Дон КорлеДонев, под наслов „Силно светнал ден 1 и 2“.

Според видеоматеријалот врз кој се монтирани аудиоснимките се алудира дека на нив е гласот на екс директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, но од содржината не може да се утврди контекстот за што се работи. Во нив Дончев споменува две имиња Зоки и Медарски.

Исто како и претходните аудиоснимки кои беа ообјавени пред три дена и кај овие две забележливо е дека се сечени.

„После ја седнав, го замолив Зоки, Зоки ми даде пас им пуштаме полиција све, и после Медарски тоа оноа, знаеш сака да најдат решение…Милионски сум имаат префрлувано по трансфер прајсинг од тука ги префрлале во Швајцарија, е…о… Во последните 3, 4, 5 години имаат најверојатно, минимум 10 15 милиони неправилно извлечено со цел да избегнат данок во Македонија…“.

„Знаеш што е само работата значи, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција веќе ми пукна филм ме мафтаа отидоа снимаа и има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажира Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна јас од друга страна…Имаат испумпано милиониски суми од тука ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име авторкси права…“,е содржината на вотрата снимка која трае 38 секунди

Пред четири дена на Јутјуб каналот наречен Лепливи раце се појавија три аудио и една видеоснимка за кои се тврдеше дека се поврзани со случајот „Диамед“ за што Дончев беше обвинет од ВМРО-ДПМНЕ дека го менаџира обидот да се одврати шведската компанија „Диаверум“ од купување на оваа фирма, заедно со министерот Венко Филипче.

Карактеристично за снимките е што се забележува дека се сечени и да им се даде контекст во врска со овој случај.

Дончев во писмена изјава го демантира контекстот во кој се ставаат во врска со случајот „Дијамед“ и ги отфрли сите инсинуации и манипулации кои, како што вели, се со цел за негова политичка деградација.

Тој посочува дека е забележливо оти снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив и во писмениот демант ја објаснува секоја снимка посебно. За видеоснимката вели дека е од постар датум и е од приватен карактер.

Тој денеска како што објави МВР, во врска со овие снимки бил на разговор во полициската станица Карпош на повик на од Одделот за организиран криминал и корупција при МВР.

И адвокатот Филип Медарски, кој беше споменат во снимките упати демант во кој објасни дека тој немал никаква поврзаност со компанијата „Дијаверум“, туку разговорот се однесувал на негова професионална ангажираност во Тотал ТВ.

Back to top button
Close