(ВИДЕО) Новинарот Фуркан Салиу приложи документ за план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање лажни вести и наместени анкети

„Во пресрет на претседателските и парламентарните избори оваа пролет, ВМРО ДПМНЕ ги запали своите пропагандни мотори. Се чини дека шемата е слична на она што сме навикнати да ја гледаме, а и јавниот сервис МРТВ е дел од неа“, пишува ПорталХ.

ПорталиХ наведува дека го поседува документот подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ, потпишан од Луке Галевски, Марија Андоновска, Ивица Грамбозов и Зоран Ставревски.

Новинарот Фуркан Салиу објави видео во кое приложи документ, како што наведува, од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предизборната пропагандистичката машинерија на Груевски во рацете на Мицкоски. ПорталиХ дојде до изборниот оперативниот план на ВмроДпмне“, пишува во најавата на видеото објавено на Фејсбук на ПорталХ.

 

Првиот дел како што се наведува е насловен: Македонската радиотелевизија во служба на партијата.

Според Салиу, за помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализирала токму на Јавниот сервис МРТВ преку емисијата „Објектив“.

„Планот предвидува дека дел од емисијата ќе бидат 3 опозициски аналитичари и еден поддржувач на власта. Во него се објавуваат анкети од Институтот ИПИС на Владимир Божиновски, додека планот предвидува Божиновски да биде „награден“ од општините со кои раководи ВМРО ДПМНЕ“, пишува ПортаХ.

Back to top button
Close