(Видео) Објавено ново видео на ИДФ: Соблечени Палестинци клечат на стадион во Газа, меѓу нив и деца

Објавено е видео кое стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се Палестинци и најмалку две деца приведени и соблечени по долна облека од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ) на стадион во северниот дел на Појасот Газа.

На една снимка се прикажани две млади момчиња, соблечени во долна облека, одат и држејќи ги двете раце кренати додека ИДФ ги насочува кон стадионот. Во друг клип, две фигури кои личат како истите момчиња без облека се гледаат со рацете над главите. Тие стојат на линија со другите мажи кои изгледаат како тинејџери и возрасни.

Не е сигурно кога е снимено видеото, но Си-Ен-Ен вели дека е снимено на стадионот Јармук во градот Газа, локација за која невладината организација Евро-медитерански центар за човекови права соопшти дека била користена како место за привремен притвор за Израелците.

Си-Ен-Ен побара коментар за видеото и приведените деца од ИДФ, но сè уште од таму не се огласиле. Израелските сили уапсија стотици палестински мажи и момчиња во последните недели. Претходно ИДФ објави дека ги соблекла затворениците за да се увери дека не носат експлозив.

Back to top button
Close