(ВИДЕО) Оберхубер: Со проекти од шест-седум милиони евра годишно, ГИЗ го помага европскиот пат на Северна Македонија

Германскoто друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) е присутно во Северна Македонија повеќе од 30 години. Неговата работа има широк спектар – од економски развој, преку добро владеење и демократија до одржлива инфраструктура. Во интервјуто за 360°, директорот на ГИЗ за Северна Македонија, Давид Оберхубер, вели дека самиот факт што се тука со децении и што годишната помош изнесува од 6 до 7 милиони евра, ја покажува посветеноста на Германија на европската иднина на земјава. Оберхубер најавува засилена асистенција на ГИЗ во пристапните преговори на земјава со ЕУ – во кластерите два и три, Конкурентност и Внатрешен пазар. Во интервјуто тој зборува за актуелните активности на ГИЗ, за главниот фокус, за идните планови

360°: Г. Оберхубер, како би им објасниле на граѓаните, на наједноставен начин, што е ГИЗ?

Оберхубер: „ГИЗ е развојната рака на германската влада. Ние сме државна компанија што спроведува процеси на промена на глобално ниво кои се во согласност со германската надворешна и развојна политика. Ние не сме оние што креираат политики, туку оние што ги имплементираат. Добиваме мандат од германската Влада за да дадеме поддршка во одредена насока. На пример, во однос на Западен Балкан, Германија е посветена државите од регионот да станат земји членки на ЕУ. Оттука нашиот мандат е да согледаме што им е потребно на државите од Западен Балкан за да ја подобрат нивната законодавна, регулативна рамка, да ги приспособат економиите за да станат поконкурентни, за државите да можат да станат членови и партнери на интерниот пазар.“

Back to top button
Close