(ВИДЕО) Обраќање на Филипче: Во 2025 ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите и за реална борба против сиромаштијата
Венко Филипче во своето новогодишно обраќање истакнува дека наместо економски раст, граѓаните добиле само блокади.
„2024 година, за жал, донесе изневерени надежи за многумина. Наместо економски раст, стабилност и европска перспектива, од новата Влада видовме стагнација и блокади. Владата ги изневери граѓаните уште во првите шест месеци. Не успеа да донесе реформи, го срози стандардот на граѓаните и ги замрзна платите.
Тој во новогодишното обраќање порачува и дека СДСМ никогаш нема да го изгуби фокусот. Преседателот на СДСМ истакна дека за партијата секој човек и секој проблем станува важен.
„Ќе се бориме за зголемување на платите и пензиите, за нови работни места и за реална борба против сиромаштијата. Ќе бараме вистинска правда, институции кои работат за граѓаните, а не за партиски интереси“, порачува Филипче во новогодишното обраќање.
Но и покрај околностите и тешкиот период за граѓаните Филипче им ја честита новата година со желби за здравје, среќа и љубов во домовите.
„Заедно ќе изградиме држава во која сите ќе се гордееме што живееме. Нека надежта биде нашиот светилник, а вербата нашата сила“, рече тој.