Видео обраќање на Заев – Во тек реализација на третиот пакет мерки, поддршката стигнува до сите

Владата покажа сериозна подготвеност во справување со економските последици предизвикани од коронавирусот.

Во тек е реализацијата на третиот пакет економски мерки кои имаат за цел зајакнување на јавната и приватната потрошувачка и заживување на нашата економија. Концептот Парите кај граѓаните дополнително се проширува.

За првпат државата дава пари директно кај граѓаните со цел да ја зголеми куповната моќ и да ја стимулира приватната потрошувачка. На овој начин поддршката стигнува до сите оние на кои им е потребна.

Невработените лица и примателите на социјална помош добиваат финансиска помош од  9.000 денари

Вработените со примања до 15.000 денари месечно и младите од 16 – 29 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари

Ако спаѓате во некоја од наведените категории ве охрабрувам да ја посетите веб страницата  www.kupuvamdomasno.gov.mk за да се информирате за дали ви следува картичка, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка и за истата нема да имаат никакви трошоци.

Овие средства можете да ги искористите во угостителски објекти, продавници за храна и пијалаци, маркети и зелени пазари, аптеки, бутици и онлајн продавници.

Со ова вие директно ѝ помагате на економијата, им помагате на вашите сограѓани кои работат и вработуваат други лица.

Ова е само една од низата мерки за градење нова, развојна македонска економија, и стимулирање на заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.

Со брза и ефикасна трансформација, побрзо и полесно ќе се справиме со последиците и повторно ќе се вратиме на очекуваните стапки на раст на економијата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close