(ВИДЕО) Ѓоковиќ погоден со шише во глава додека давал автограми по меч во Рим


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е удрен со шише во глава додека давал автограми по мечот против францускиот тенисер Корентин Муте, во второто коло на Мастерсот во Рим, јави Радио-телевизија Србија.

По победата над Муте, како што пренесува српскиот радиодифузен сервис, Ѓоковиќ се потпишувал на предмети за навивачите, кога од трибините излетало спортско шише и го погодило во глава.

По ударот, како што може да се забележи и од видеата од инцидентот објавени на социјалните мрежи, Ѓоковиќ останал кратко да лежи на подот, по што добива помош од неколку лица, а потоа со нив оди во соблекувалната.

Организаторите на турнирот, како што пренесе РТС, соопштиле оти се работи за несреќен случај кога момче од трибините се наведнало на оградата за да земе автограм од Новак, но шишето со вода му се лизнало од ранецот.

Поради инцидентот, откажана е прес-конференцијата што Ѓоковиќ требаше да ја одржи по мечот.

Back to top button
Close