ВИДЕО) Осум загинати и 15 повредени од пожар на кинески пазар

Осум лица загинаа, а 15 се повредени во пожар на пазар во Џангјаку во провинцијата Хебеј во северниот дел на Кина, јави „CCTV“.

Властите ги истражуваат причините за пожарот, кој беше изгаснат нешто повеќе од еден час по избувнувањето во саботата наутро.

„Повредените се хоспитализирани и нивните животи не се во опасност“, додава телевизијата.

Пламен и темни облаци од чад можеа да се видат над пазарот во видеата објавени на кинеската веб-страница „Weibo“.

Некои медиуми пишуваат дека станува збор за зеленчуковиот пазар Лигуанг, кој е отворен во 2011 година и на кој се продаваат најразлични работи, од овошје и зеленчук до морска храна, па и електроника.

Back to top button
Close