(Видео) Петличковски: Сите вакцини кои имаат одобрение од СЗО, меѓу нив и Синофарм, се исклучително ефикасни. Значи процентите – 2, 3, 5, па и 10% помалку не се битни
Д-р Александар Петличиковски од Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет за Утрински брифинг изјави дека имунизацијата оди добро и сега имаме добри шанси со релатовно кратко време, со задржување на ова темпо од 10.000 вакцинирани дневно, до крајот на летото ситуацијата да се нормализира.
„Летово со топлиот воздух, со прошетките се намалуваат шансите за пренос на вирусот. Гледаме дека во цел свет трендовите се позитивни, но се уште сме кревки, бидејќи ако ова што досега сме го постигнале не го надополниме со масовна и ефикасна вакцинација, можно на есен пак да очекуваме проблеми“, вели Д-р Петличковски.
„Вакцините се различни, платформите се различни, постојат нијанси во разликата од ефикасноста на различните вакцини. Ова расположение за Фајзер е од сега, на почетокот луѓето најмногу се плашеа од оваа вакцина. Имаше страв од „Астра-Зенека“, од „Џонсон и Џонсон“, сега од кинеската вакцина, но тоа се периоди кога една вакцина добива или губи на популарност. Реално нема логика луѓето да се замараат со нијансите на проценти, дали 2 или 4% е поефикасна од друга. Имунизација се користела мнгу многу одамна и за ниедна вакцина не се крена волку прашина. Никогаш имунитет не се проверувал после вакцина за грип, морбили… Ова малце е пренапумпано расположение за проверка на ефикасноста на вакцините. Научните докази се многу убедливи – сите вакцини кои имаат одобрение од СЗО, меѓу нив и Синофарм, се исклучително ефикасно во намалување на тежината на болеста, што е клучната добивка од вакцините. Значи процентите – 2, 3, 5, па и 10% помалку навистина не се битни. Битно е дека сите вакцини многу добро не штитат од тешка болест“, изјави за Утрински брифинг Д-р Петличковски.