(ВИДЕО) “Политиканти” за скандалот во М-НАВ и техничката влада

Во втората епизода од втората сезона на поткастот „Политиканти“ новинарите Сашо Орданоски и Борјан Јовановски се осврнуваат на последниот скандал во М-НАВ кој деновиве ја потресе државава откако осуммина упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром и се пресметаа со контролорите на летање. Владата денеска донесе одлука да ги смени директорите во М-НАВ, а случајот го води и Обвинителството против осомничените напаѓачи.

Орданоски и Јовановски во „Политиканти“ зборуваат и за техничката владата и за тоа со кои старо-нови кадри на опозицијата ќе се пополнат местата во Владата на договорениот технички премиер Талат Џафери.

Следува и анализа за црната листа на САД на која се најдоа видни екс и актуелни политичари и бизнисмени од Македонија и која според најавите може да се прошири со други на кои ќе им се забрани влез во Соединетите Американски Држави.

Новата епизода на „Политиканти“ се осврнува и на актуелните настани во светот.

Следете го новото издание на „Политиканти“ на „Слободен печат“:

 

 

Back to top button
Close