(ВИДЕО) Поплави во Италија – водата носи сѐ пред себе, загина млад човек

Невремето што ја зафати Италија во последните неколку дена парализира одредени градови, а првиот смртен случај е забележан во регионот Емилија Ромања во Болоња. Силното невреме предизвика штети во различни делови на Италија, а особено беше погодена Болоња. Повеќе од 80 милиметри дожд падна за околу четири часа во саботата навечер, поплавувајќи ја Болоња и околината.

Првата смрт била потврдена во неделата наутро, а како што пренесува РАИ, во возилото бил 20-годишен маж со својот брат, кој за среќа успеал да се спаси. Поројот го однел автомобилот низводно, но братот успеал да излезе од автомобилот, додека 20-годишникот немал толку среќа.

Не можеме да пристапиме на различни делови од градот. Телефонските врски се прекинати, бараме помош“, рече Лука Векијетини, градоначалник на Пјанор.

Се наведува дека ситуацијата е се уште критична Во општината е наредена евакуација во подрачјата кои беа сериозно погодени од поплавите, а во саботата беше на сила црвен аларм. Денес ситуацијата е малку подобра. Матео Лепоре, градоначалникот на Болоња, ги замоли жителите да останат дома или да се засолнат на повисоките катови во критичните области.

Back to top button
Close