(ВИДЕО) Поплави во Србија – дел од автопат однесен од вода, вонредна состојба во 35 градови и општини

Поради големите врнежи не престанува борбата со излеаните реки и потоци и проблемите што ги носат пороите во Србија. Пожарникарите-спасувачи се на терен низ целата земја.

Во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба. Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.

Така надојдениот поток Мусача во Адране однесе дел од мостот на Ибарската магистрала, па сообраќајот е во целосен прекин на делницата од Краљево до Прељина.

Со оглед на тоа што се работи за многу фреквентна автопатска делница, вистинска среќа е што никој не е повреден, а под вода беа и неколку околни домаќинства.

Драматични сцени пристигнуваат речиси од сите градови на округот Расин, каде од синоќа се води борба против новите врнежи и поројни дождови.

Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац.

Pд Штабот за вонредни состојби заедно со мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба. Уништени се локалните патишта.

Back to top button
Close