(Видео) Портал х објави список на „купени“ навивачи за власта кои од касата на Лотарија редовно добиваат хонорар

Познат професор и екс декан на Правниот факултет, советници од владеачката партија,новинари, првиот човек на македонската „Транспаренси интернатионал, сестрата на директорот на правната служба на лотарија,братот на заменик директорот на лотарија,синот на раководителката на секторот за јавни набавки, На списокот до кој дошол и го објавува портал х има вкупно 37 лица кои редовно на нивната банкарска сметка добиваат по 45 илјади денари месечно а воопшто не доаѓаат нити пак нешто сработиле за Лотарија.
Последната уплата на хонорар е на 3 ти овој месец. Вработени од лотарија биле наводно задолжени секој ден да отчукаат картица дека дошле на работа. Се шпекулира дека не е само овој список на платени „љубители“ на власта и дека хоноррите се движат од 30 илјади до 90 илјади во зависност од „габаритот“ на личноста кој станал „љубител“ на Белата палата. Портал х објавува дека за списокот кој го поседуваат побарале одговор од генералниот на Лотарија на Македонија. Климовски.






