(Видео) Посетителите евакуирани, „Ист Гејт“ затворен

На социјалните мрежи се објавени и фотографии од првиот кат на Градскиот трговски центар каде исто така има големо количество вода, а според очевидци најмногу вода има во подземниот паркинг

Најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт“ е поплавен по невремето што попладнево го зафати Скопје. На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии на кои се гледа големо количество вода и во паркингот, но и во приземјето. Како што може да се види од видеата некои од продавниците „пливаат“ во вода, а вработените се обидуваат да ја извадат.

 

На социјалните мрежи се објавени и фотографии од првиот кат на Градскиот трговски центар каде исто така има големо количество вода, а според очевидци најмногу вода има во подземниот паркинг.

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплави на голем дел од улиците, подвозници, куќи и дворови. Има и искршени гранки и дрва, но и урнати монтажни објекти.

Прво се гради инфраструктура и атмосферска

преземено од 360.мк

Back to top button
Close