(ВИДЕО) Потресни сведоштва на преживеани во земјотресот во Мароко: Соседите ни се под урнатините. Врескањето и плачењето беа неподносливи
Смртниот биланс ја надмина бројката од 1 000 загинати, но, според државните медиуми, бројот на жртви не се знае со сигурност, додека траат напорите на спасувачите во потрага по преживани.
Prayers for Morocco 🇲🇦 May Allah help and protect those who are effected and have mercy on everyone 🤲 🙏🏻
#زلزال_مراكش #زلزال #زلزال_المغرب#Morocco #earthquake #moroccoearthquake #deprem #fas #fas_depremi #morocco #maroc #earthquake pic.twitter.com/N3tRFaonkj
— 𝐒andra 𝐇aj (@Sandra_Huj) September 9, 2023
Жители на градот Маракеш со ужасеност раскажуваат за земјотресот, со јачина од 6,8 степени кој го погоди Мароково. Маракеш е градот кој најсилно го почуствува и претрпе најголеми последици од земјотресот што ја погоди земјата.
Shocked woman filming her entire village being destroyed in the Atlas mountains
Morocco’s earthquake#earthquake #Maroc #moroccoearthquake #Morocco #earthquakemorocco #pray #hope #god #Marrakesh pic.twitter.com/DSrb8YCX0G— Kinetik (@KinetikNews) September 9, 2023
Земјотресот се случи во доцните вечерни часови и многу од луѓето ги затекнал на спиење. Но, поради силниот потрес тие набрзо во паника почнале да ги напуштаат своите домови, пишува Би-би-си.
По главниот потрес, следел афтершок од 4,9 степени по Рихтер, кој се случил 19 минути подоцна.
Смртниот биланс ја надмина бројката од 1 000 загинати, но, според државните медиуми, бројот на жртви не се знае со сигурност, додека траат напорите на спасувачките во потрага по преживеани.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал во планините Висок Атлас, а многумина од загинатите се во градот Маракеш, оддалечен на околу 70 километри од епицентарот,
„Почувстував силен потрес и сфатив дека е земјотрес. Можев да видам згради како се нишаат. Потоа излегов надвор, имаше многу луѓе. Сите беа во шок и паника. Децата плачеа, а родителите беа вознемирени“изјавил 33-годишниот Абделах Ел Амрани, кој живее во Маракеш, за новинската агенција АФП.
Мишел Бизе, француски државјанин кој поседува неколку имоти во стариот град на Маракеш за агенцијата изјавил оти мислел дека „мојот кревет ќе одлета“.
„Излегов на улица полугол и веднаш отидов да ги видам моите ријади (традиционални марокански куќи). Тоа беше тотален хаос, вистинска катастрофа, лудило“ изјавил тој за АФП.
Британскиот новинар Мартин Џеј, кој живее во Мароко, рекол дека го разбудил звукот на врисоци.
„Првото што го слушнав беше мојата сопруга која врескаше. Некако ги отворив очите и не можев сосема да ги спојам точките. Не можев сосема да ја поистоветам ситуацијата, не можев да замислам дека сум среде земјотрес. Сè вибрираше, сè, креветот, подот, четирите ѕида“изјави тој во денешната програма на Би-би-си Радио 4.
Тој рече дека на луѓето им било кажано да не се враќаат во своите домови.
„Значи, беше чудна вечер во речиси секој град во Мароко, повеќето луѓе седат на земја надвор од нивните куќи или станбени блокови, бидејќи се плашеа од вториот земјотрес за кој предвидуваа дека ќе дојде два часа подоцна. Фала му на Бога не се случи”вели новинарот.
Фајсал Бадур, исто така од Маракеш, возел кога земјотресот се случил во 23:11 часот по локално време.
„Застанав и сфатив каква катастрофа е тоа. Вискањето и плачењето беа неподносливи“изјавил тој за АФП.
Мина Метиуи сведочи дека во Маракеш бучавата звучела како „борбен авион“, станувајќи се погласна и погласна.
„Следното нешто што го гледам, мојата соба се движи, сликите, рамки почнаа да паѓаат од ѕидот“изјави таа за Би-би-си њуз.
Напорите за пронаоѓање на преживеани и расчистување на последиците се во тек во Маракеш и населените места во близина на епицентарот на земјотресот. Во Маракеш, како што пренесува британскиот национален сервис, многу згради се сериозно оштетени.
„Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат за да ги спасат користејќи ги достапните средства во селото“изјавил Монтасир Итри, кој живее во планинското село Асни, блиску до епицентарот, за Ројтерс.
Историскиот град Маракеш е популарен меѓу туристите, привлекувајќи илјадници секоја година.
Од македонското Министерството за надворешни работи (МНР) денеска информираа дека двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во градот Маракеш.
Тие, според информациите на МНР, се во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид.
Од МНР велат дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.