(ВИДЕО) Пожар ја зафати општинската зграда во Париз
Голем пожар рано утринава ја зафати општинската зграда во Париз, а локалните медиуми објавија дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на 19 век ќе пропадне.
Пожарникарите околу 3 часот по полноќ биле известени за пожарот, а во извештајот се наведува дека пожарот се заканува да ја уништи саат-кулата на општинската зграда.
Околу 6 часот утринава пожарот е ставен под контрола.
Incendie mairie du 12 ème Paris⬇️@mtwit75 pic.twitter.com/id9rnPOA0b
— #ruedetrevise (@12janvier2019) January 27, 2025
Полицијата го блокира просторот околу зградата на општината, а според локалните медиуми, околу 7:30 часот веќе немало видливи пламени јазици.
Пожарникарите велат дека засега нема опасност од уривање на кулата