(Видео) Пожар во болница во Мадрид – едно лице загина, 24 се повредени

Маж, на возраст од 68 години, почина како последица на труење на чад, додека 24 лица се полесно повредени во пожар во болница во Сан Карлос во Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

„Пожарот избил околу 1 часот по полноќ на петтиот кат на болницата. Сè уште се истражуваат причините“, соопшти портпаролот на министерството за здравство, објави „Ел Паис“.

„Ел Мундо“ објави дека пожарот избил на одделот за Психијатрија. Меѓу повредените се полицајци, припадници на обезбедувањето и медицинскиот персонал и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување

Back to top button
Close