(ВИДЕО) Пожарот на Крит во Грција е најголем проблем за пожарникарите
Пожарите трет ден се уште се активни во неколку области во Грција, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите.

Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија.
Пожарот на Парос повторно се активирал.Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од силните ветрови и непристапниот терен, што доведува до повторно ширење на пожарот на одредени локации.
⚠️🔥Δύσκολη κατάσταση στο νησί της Πάρου και συγκεκριμένα στην περιοχή Γλυφά και η Τρυπητή.
Βίντεο : ΙΩ Αννα #παρος #fire #cyclades #greece pic.twitter.com/Bgmoxv0il0
— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) July 30, 2026
Поради зголемениот ризик од нови пожари, властите привремено го ограничија сообраќајот и престојот на граѓаните во одредени шумски области на Патрас.
Забраната важи од 21:00 до 06:00 часот и се однесува на неколку шумски патишта и заштитени зони





