(ВИДЕО) Познат идентитетот на напаѓачот на аргентинската потпретседателка


Аргентинските безбедносни власти го потврдија идентитетот на човекот кој се обиде да пука во аргентинската потпретседателка и поранешна претседателка Кристина Киршнер од непосредна близина. Станува збор за Бразилецот Фернандо Андрес Сабаго Монтиело, 35 години.

Монтиел е роден во главниот град на Бразил, Сао Паоло, син е на Чилеанец и Аргентинец, но повеќе од 20 години живее во аргентинската населба Вила дел Парке. Тој порано работел како таксист, но моментално е невработен, а веќе и е познат на полицијата и неговиот извод од матична книга на родените кружи низ бразилските медиуми.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека 35-годишниот напаѓач има тетоважа на Црното сонце на лактот, нордиски симбол преземен од нацистите, а потоа и од окултното друштво Туле, група основана од богати аристократи и буржоази кои ja бранеа надмоќта на ариевската раса. Податоците покажуваат дека од 1918 до 1922 година извршиле триста политички злосторства.

Поранешната претседателка на Аргентина во четвртокот со својата официјална придружба пристигна пред својот дом на улицата Јункал во луксузниот кварт Реколети во Буенос Аирес кога Монтиел извади пиштол и го повлече чкрапалото, но пиштолот не пукаше.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Монтиел беше одведен во затворот на аргентинската федерална полиција во Вила Лугано, а неговиот случај сега е во рацете на федералниот судија Марија Еугени Капучети.

Стотици активисти се собраа од минатата недела пред куќата на Кристина Кирхнер (69), обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз, за ​​време на нејзините два претседателски мандати (2007-2015).

Back to top button
Close