(ВИДЕО) Прашањето од полицијата дополнително ја збунило: За време на директен пренос од Катар, новинарката била ограбена

Новинарката на аргентинската телевизија која се вклучила во директен пренос од Катар, била изненадена од одговорот на катарската полиција на нејзината пријава дека некој ја ограбил.

Како што пишува Мирор, за време на отворањето на Светското првенство во 2022 година, во неделата навечер кога домаќините завршија со пораз од Еквадор со 2-0, аргентинската новинарка се вклучила од Доха.

Инцидентот се случил додека новинарката Доминик Мецгер снимала прилог од Мундијалот во Катар за аргентинска телевизија, кога непознат сторител ѝ го извлекол паричникот од чантата.

Како што самата раскажува, од полицијата ѝ објасниле дека имаат камери со висока технологија и веднаш ќе го најдат крадецот, но што да прават со него, каква казна би сакала таа да му изречат.

„Културните разлики започнаа веднаш по пријавувањето. Полицајката ми рече: ,Имаме камери со висока технологија насекаде и ќе го лоцираме преку детекција на лице. Што сакате да направи правосудниот систем кога ќе го најдеме?’ – изјави таа.

Збунетата новинарка побарала дополнително појаснување на прашањето. Веднаш ѝ објасниле:

„Каква казна сакате да му изречеме? Дали сакате да биде осуден на пет години затвор? Дали сакате да го депортираат?“, раскажа новинарката.

Новинарката им одговорила дека навистина не сака и не може да одлучува за такви работи бидејќи не е судија.

извор: Бриф

Back to top button
Close