ВИДЕО ПРЕМИЕРА: „Политиканти“ со специјален гостин Мендух Тачи

Во петочната премиера на поткастот „Политиканти“ специјален гостин е Мендух Тачи, претседател на ДПА, пратеник и политичар со 30 години стаж на македонската политичка сцена.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски со Тачи дебатираат за случувањата во Македонија и на Балканот, во контекст на кризата во Косово и несогласувањата меѓу Приштина и Белград кои се закануваат повторно да го дестабилизираат регионот.

Тачи за себе вели дека е оптимист во однос на севкупната македонска политика во предизборниот период, зошто како што рече, се уште не е завршена работата.

Целиот разговор со Мендух Тачи погледнете го во третата епизода од поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

 

Back to top button
Close