(ВИДЕО) Пукање на универзитетот во Перм – има мртви и ранети, студентите бегаа преку прозорци
Непознато лице отворило оган врз студенти и предавачи во зградата на Универзитетот во Перм, град на Урал.
Руската полиција соопшти дека има загинати и ранети, a nапаѓачот е приведен, пренесува РИА Новости. Некои медиуми објавија дека се работи за 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој го најавил нападот на социјалните мрежи.
Претходно, Универзитетот во Перм објави дека четири лица се повредени и апелираше до студентите во универзитетскиот комплекс да бидат затворени во училниците.
Но, од информациите кои постојано доаѓаат, најверојатно се работи за шест убиени.
На видеата што се се појавија на социјалните мрежи се гледа како студенти бегаат од зградата преку прозорци.
Голем број од оние кои не успеаја да избегаат од заканата, се затворија во аудиториумите и се надеваа дека вооружениот млад човек нема да стигне до нив. Итните служби стигнаа до зградата на универзитетот и се обидуваат да го победат напаѓачот.
Голем број од оние кои не успеале да избегаат од заканата, се затвориле во амфитеатрите.