(ВИДЕО) Пукање во ноќен клуб во Осло

Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло.

Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.

-Сите индиции укажуваат на осамен сторител, изјави полицискиот портпарол Торе Барстад.

Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.

Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.

Цивили и помогнале на полицијата да го уапси осомничениот.

Back to top button
Close