ВИДЕО: Раперот Килер Мајк уапсен откако освои три „Греми“ награди

Музичарот е Раперот Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше приведен на доделувањето на „Греми“ наградите кратко откако освои три признанија, соопшти полицијата во Лос Анџелес.

Портпаролот на полицијата, Мајк Лопез изјавил дека раперот бил уапсен по расправија внатре во местото

„TMZ“ пренесе дека Килер Мајк нокаутирал чувар кој работел на обезбедување на Греми

Во видеото што кружи на интернет, Мајк со лисици на рацете е однесен од полицајци од салата каде што се доделуваа наградите.

На 66-тото доделување на „Греми“ наградите, тој ги доби одличјата за најдобар рап-албум за „Michael“, рап-изведба и рап-песна за „Scientists & Engineers“.

Музичарот е пуштен на слобода и треба да се појави пред Судот на 29 февруари

Back to top button
Close